„Пошумуваме заедно за позелено утре“: dm дрогерие маркт заедно со своите вработени, волонтери и институционални партнери засадија нови 10 хектари земја

Добивај вести на Viber

Во организација на dm дрогерие маркт, во недела, на 27 ноември, во близина на автопатот Миладиновци-Штип, повеќе од 300 вработени на dm дрогерие маркт, волонтери и претставници на институционалните партнери го започнаа садењето на 27.000 садници, како дел од кампањата „Пошумуваме заедно за позелено утре“.

Во периодот од средината на месец август, кога беше најавен почетокот на оваа кампања, до крајот на месец септември, dm дрогерие маркт издвојуваше по 1 денар од секој купен производ од сопствените трговски марки, со што купувачите на dm станаа важни партнери во овој проект. На почетокот на месец ноември dm објави повик до сите заинтересирани граѓани да се приклучат и да присуствуваат на денот на садењето. Со овој потег, компанијата ги поттикна граѓаните, директно и индиректно да земат учество во проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре”, и со тоа да придонесат во развивање на зелените површини на територијата на целата држава.

„Со оглед на силното влијание на животната средина врз здравјето на луѓето, здравата животна средина мора да биде приоритет за секој поединец, но и за секоја компанија. Наша цел како компанија која веќе 10 години успешно работи на македонскиот пазар и промовира одржливи стандарди преку различни проекти, е токму ова. Среќни сме што и нашите купувачи ја препознаваат оваа наша карактеристика и несебично се вклучуваат во сите наши општествено одговорни проекти. Доказ за тоа е и одличниот одзив на волонтери, како и целиот тим на dm кои го дадоа својот придонес за овој голем проект. Во наредната година, заедно со поддршката од нашите институционални партнери, планираме да го продолжиме започнатото бидејќи знаеме дека нашата иднина многу зависи од нашиот однос кон природата“, изјавија од dm дрогерие маркт.

За успешна реализација на првата акција за пошумување, поддршка на вработените на dm дрогерие маркт, покрај сите пријавени волонтери, им дадоа и институционалните партнери, кои присуствуваа на денот на садењето, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, помошник директор на ЈП Национални шуми Маре Басова, како и претставници од јавното претпријатие.

Ваквите акции со кои се извршува масовно пошумување на предели кои биле опфатени од шумски пожари или имаат потреба од развивање на биодиверзитетот, имаат големо значење и придонес во развој на еколошката свест кај граѓаните, во прочистување на воздухот, како и за спречување на ерозивниот процес кој често се појавува во непошумени планински предели кои имаат плодна и ровка почва, како што е пределот којшто се пошумува во првата акција за пошумување. Од dm дрогерие маркт најавија дека акцијата за пошумување е иницијатива којашто ја започнуваат оваа година и ја гледаат како долгорочен проект кој сакаат да прерасне во традиција што долги години ќе придонесува за позелено утре за сите нас.

ПР објава