Поскапо не сте виделе во последно време: Меган Маркл во најубавата комбинација откако ја знаеме, прати силна порака

Добивај вести на Viber

Откако извесен период не се појавуваше официјално во јавноста, Меган Маркл подготви вистинско модно уживање

Војвотката од Сасекс Меган Маркл присуствуваше на доделувањето на наградите Women of Vision во Њујорк, нејзино прво официјално појавување по крунисувањето на кралот Чарлс, кое го пропушти.

Поранешната актерка дојде на церемонијата во друштво на сопругот принцот Хари и мајката Дорија Рагланд, а во согласност со името на наградата и самата изгледаше како визија - овој пат модна.

И не штедела!


Меган Маркл избра целосно златен стајлинг, а навистина остави силен впечаток кога се појави во миди фустан на Јохана Ортиз.

Моделот од 1.850 долари е парче што е припиен за телото, без прерамки, текстура, со срцелико деколте, суптилен шлиц под градите и шлиц напред.


Покрај тоа, таа носеше и златна плик чанта со букви Insignia од Каролина Херера, за која потрошила 1.100 долари, како и едноставни сандали на Том Форд за 1.350 долари.

Војвотката сè дполни со исто толку луксузен накит, од кој само една нараквица - Cartier Love Bracelet - чини дури 7.350 долари, а имаше и дијамантска нараквица од покојната принцеза Дијана, обетки од куќата на J.Crew...


Само она по што е позната цената заедно чини 11.650 долари, а Меган избра и едноставна вечерна шминка, притоа разделувајќи ја косата и прекривајќи ја преку едното рамо.

Со оглед на тоа дека ова е нејзино прво официјално појавување по крунисувањето на кралот Чарлс Трети, многумина веруваат дека Меган со златниот фустан испратила силна порака до кралското семејство.

Златото е поврзано со благосостојба, мудрост, љубов, концентрација, сила, оптимизам и пријателство.

Фото: инстаграм