После четири биолошки деца, посвоиле син, кога му направиле ДНК тест, мајката занемела од шок - веднаш побарала развод

Добивај вести на Viber

Жена на возраст во тоа време од 41 година, сподели длабоко лична приказна на Reddit. Како што открила, цел живот сонувала за големо семејство, но поради здравствени проблеми по четвртото дете не можела повторно да забремени.

И покрај тоа што веќе имала три ќерки и еден син, таа сакала да има уште деца. Бидејќи друга бременост не доаѓало во предвид, таа и нејзиниот сопруг почнале интензивно да размислуваат за опцијата да посвојат. Иако не прецизирале ништо конкретно, еден ден нејзиниот сопруг предложил да посвојат дете од странство. Жената се согласила и среќно ја прифатила идејата.

Набрзо, откако ја завршиле потребната процедура, во нивниот дом пристигнало момче по име Кајлен.

„Го сакам тоа дете. Како што растеше, сега има седум години, членовите на семејството и пријателите се почесто коментираа дека личи на нашите други деца и дека никогаш нема да кажат дека е посвоено. Јас дури се шегував дека биолошки е наш, а мојот сопруг се смееше на тоа“, напишала жената.

А потоа, додека средувала некои документи, во документите за посвојување забележала нешто што не и давало мир и решила да направи ДНК тест. Следеше шок – Кејлен е всушност биолошкиот син на нејзиниот сопруг!

„Го сакам Кајлен со целото мое срце. Откривајќи дека мојот сопруг ме изневерил и потоа го донел неговото дете во куќата како посвоеник ми се слоши. Тој ме молеше за прошка и рече дека неговата љубовница не сакала дете, но тој сакал. Па така тоа го направил преку посвојување, ќе останам во животот на Кајлен, бидејќи јас сум негова мајка, но не можам да поднесам да го гледам мојот сопруг како ме изневерува и ме лаже, јас поднесов барање за развод“, раскажала жената.

Додала дека е во дилема како да им каже сè на своите деца и откри дека некои членови на семејството ја обвиниле дека е себична бидејќи решила да се разведе.

На форумите ја поддржаа со бројни коментари во кои и порачаа дека не греши.

„Тоа не е обична лага, тоа е измама со големина на Монт Еверест“, „Нема шанси да е единствениот пат кога ве изневерил“, „Можеби е неговата најлоша лага, но сигурно не е прва“, биле дел од коментарите.

„Твојот сопруг ги прекршил брачните завети на толку многу начини, таков недостаток на почит е непростлив“, ѝ напишала една жена.

Фото: Freepik.com
Извор:Zena.blic.rs