Моден фокус // Трендови
После Оскарите, ова е најгламурозното издание на Атиџе: Црвена елеганција со блескави детали
Медената Атиџе Муратова денес гостуваше во Утринската емисија на телевизија Алфа каде се појави во сосема поразлично издание од она на што навикнавме да ја гледаме.
Би рекле и дека после Оскарите, каде што се појави во традиционални шалвари, ова е најгламурозното издание на Атиџе.
Имено Атиџе носи црвен плиш фустан со блескави детали, косата ја исправи, а изгледот го заокружи со вниматено избрани детали како високите потпетици и часовник.
Таа беше во друштво на нејзината пријателка Сузана Турунџиева која се појави во посекојдневно издание.
А со неа се фотографираше и Андријана Јаневска, која напиша:
-Со прекрасната Атиџе.