Последната снимка на пејачот кој загина на мотор, а пееше на „Ѕвездите на Гранд“: Песната им ја посвети на жените...

Пејачот кој се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, Предраг Пеѓа Бошњак загина во сообраќајна несреќа, јавија српските медиуми.
Пејачот Предраг Пеѓа Бошњак загина во неделата во тешка сообраќајна несреќа на 34-годишна возраст додека возел мотор.
Оваа трагична вест ги потресе неговите најблиски, но и бројните фанови кои почнаа да се збогуваат со него преку социјалните мрежи.
На неговиот Инстаграм профил се појавија коментари на кои луѓето изразуваат тага и шокираност поради неговото прерано починување.
За сите дами во живо во една прилика ја испеа една од најубавите балади на поп пејачот Сергеј Ќетковиќ „Љубав“.
„Затоа што дамите тоа го побараа“, напиша тој тогаш.
Пеѓа кој е познат по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ е роден во Мостар, а според информации трагично го загубил животот во несреќа откако паднал од мотор.
Оваа тажна вест ги потресе неговите пријатели, колеги и бројни обожаватели, кои почнаа да се збогуваат со него преку социјалните мрежи.
Трагедијата се случила на обиколницата околу Палиќ околу 16 часот и 35 минути, кога како што засега е познато, Бошњак изгубил контрола над моторот и излетал од патот. Тој со тешки телесни повреди бил префрлен во Општата болница во Суботица каде и покрај големите напори на лекарите синоќа починал. Како што се дознава, тој од клучката се движел на исток и поради непрописна брзина излетал од патот, јавува Subotica.com.
ФОТО: Инстаграм