Братот на Вики Миљковиќ имал една голема желба: Иако имаше сѐ покрај сестра му, само ова го бараше!

Добивај вести на Viber

Владица Миљковиќ, родениот брат на познатата пејачка Вики Миљковиќ, почина на 47 годишна возраст, а зад себе остави длабока тага во срцата на своите најблиски.

Неговата смрт ги потресе неговите блиски роднини и пријатели, а комеморацијата ќе се одржи во Културниот центар во Ниш пред погребот кој е закажан за во понеделник.

Вики се огласила за медиумите откако дознала за загубата на нејзиниот брат, откривајќи дека Владица боледувал од мултипла склероза, но дека причината за неговата смрт не била оваа сериозна здравствена состојба. Како што изјавила, одеднаш му откажале некои органи, што довело до трагичниот исход.

Една од последните јавни снимки на Владица Миљковиќ е забележана за време на вселувањето на Вики во нејзиниот луксузен стан на „Београд на води“. Ова случување ги собра голем дел од јавните личности, но Владица останал забележан по неговото посебно барање. За време на свеченоста тој прв пат изразил желба да се фотографира со својата сестра Вики и Лепа Брена.

„Те молам, фотографирај ме помеѓу двете кралици. Знаеш дека јас не сакам да се фотографирам, но фотографирај ме помеѓу нив две, затоа што поголеми кралици од нив нема, рекол тој, а пренесува „Гранд“.

Владица Миљковиќ живеел во Ниш, каде успешно се занимавал со приватен бизнис, Бил познат како голема поддршка на неговата сестра Вики, која е една од најпознатите пејачи во регионот. Нивниот однос бил доста близок, а Владица често бил со неа за време на некои подеми и падови во нејзината кариера.

Фото: Инстаграм
Извор: Republika.rs