Мерил Стрип (75) се мажи: Среќата ја најде со познат колега, но се уште официјално не се разведе од првиот сопруг

Во јануари 2024 година, се појавија гласини дека Мерил Стрип имала афера со комичарот Мартин Шорт. Се вели дека ѕвездите се зближиле за време на снимањето на серијата „Убиство во истата зграда“. И според заплетот, нивните ликови започнуваат врска, која, според фановите, се префрлила од екранот во реалниот живот.
Разговорот за Мерил Стрип и Мартин Шорт се засили кога се појавија заедно на церемонијата на доделувањето на наградите Златен глобус - среќно позираа пред фотографите и седеа на иста маса. Тогаш агентот на комичарот рече дека нема тајни - актерите биле само добри пријатели.
Мерил и Мартин се уште не ја потврдиле врската, но како и да е, сега се шпекулира дека се подготвуваат за венчавката.
Изворите тврдат дека планираат мала церемонија во Јужна Калифорнија, а парот веќе размислува за потенцијалните места за прославата.
„Тие сакаат романтични патувања во Санта Барбара и винските региони во близина, така што ова место дефинитивно ќе биде лидер кога станува збор за изборот на локација за венчавка. И двајцата се големи обожаватели на одморалиштето во близина на Монтесито. Тоа е одлично место за венчавка и одморалиштето е познато по својата приватност, што е многу важно за Марти и Мерил бидејќи и двајцата се многу таинствени“, вели инсајдерот.
Иако парот нема да биде домаќин на голема свадба, сепак тоа ќе биде настан од многу висок профил. Гости ќе бидат Том Хенкс, Рита Вилсон, Стив Мартин, Селена Гомез, Шер и Виола Дејвис. Покрај тоа, тие имаат седум деца и осум внуци. Така, според изворот, конечниот список на гости ќе има „најмалку 50 луѓе, ако не и повеќе“.
Сепак, за многумина нивната романса беше целосно изненадување, како и за самите ѕвезди. Се зборуваше дека тие не барале врска во времето кога почнале да излегуваат. Меѓутоа, според блиска личност на Мерил, таа не можела да не се заљуби во Мартин бидејќи тој бил многу внимателен кон неа и ја смеел. Роднините на ѕвездите целосно ја одобруваат нивната врска и ја сметаат за многу слатка.