Се породи Меган Фокс! Нејзиното момче веќе успеа да направи скандал, а го направи и првото видео од болница

Најатрактивната жена на светот Меган Фокс се породи. Таа го дочека своето прво дете со музичарот Машин Ган Кели, кој како едвај да чекаше да влезе во некоја нова драма.
МГК пред само неколку часа се најде на насловните страници во странските медиуми поради испраќањето на навредливи пораки до поранешниот сопруг на Меган Фокс, кој се распрашуваше кога конечно ќе се роди бебето.
„Престани веќе да прашуваш кога ќе се роди нашето бебе. Престани веќе да се јавуваш во TMZ и фокусирај се на тоа извинување што ми го должиш“, гласеше пораката веднаш пред да го нарече со погрдно име.
Честитките веќе се нижат на Инстаграм, а МГК веќе објави фотографија на која се држи за рака со семејството:
„Конечно е тука! нашето мало небесно семе. 27.3.25“, напиша тој покрај снимката со малото девојче.