Актуелно // Жолта минута
„Знам дека се бориш лавовски, како само што ти знаеш“: Сара Јо со емотивна поддршка за Панчо

Српската пејачка Сара Јовановиќ, позната како Сара јо, на социјалната мрежа Инстаграм сподели видео од нејзиниот колега Владимир Блажев - Панчо, кој е на лекување по страшната трагедија во Кочани.
Панчо со колегите од групата ДНК настапуваа во дискотеката „Пулс“, ноќта меѓу саботата и неделата, кога избувнал голем пожар при што загинаа 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.
Сара е пријателка на македонскиот музичар, а сега сподели досега невидено видео на инстаграм стори, заедно со емотивна порака:
- А ти... Добар наш Панчо... Знам дека се бориш лавовски, само како што ти знаеш... Сепак ти си нашето „bad boy for life“. Нема момент да не мислиме на тебе. Со тебе сме со сето срце и душа – напиша Сара Јо.
Фото: Принтскрин/ ИнстаграмИзвор: Telegraf.rs