Отец Бобан Митевски: Да тагуваме и да изразуваме емотивност, но да не го претвориме животот во тага затоа што тоа носи други последици

Добивај вести на Viber

Во денови на седумдневна жалост во нашата земја, поради трагичниот настан во Кочани, тагата е нашиот сојузник.

Болката и гневот што ги чувствуваме сите, се нормална појава ова го потврдуваат и психолозите.

Тагата во овие моменти треба да ја има и треба да ја изразуваме. Сета онаа емотивност која ја чувствуваме внатрешно треба да излезе од нас.

Треба да тагуваме но не треба животот да го претвориме во тага, вели отец Бобан Митевски.

„Треба да тагуваме и треба да го изразуваме сето она што е наша внатрешност, наша емотивност во дадениот момент. Но не смееме да го претвориме животот во тага. Затоа што претворањето на животот во тага ќе донесе некои други последици и некои други консеквенции. Да, треба да тагуваме и таа тага да му ја … од нашиот аспект да му ја предадеме на Бога. Да му ја дадеме едноставно како жртва на Бога. Треба и да плачеме, треба и да роптаме, треба и да сме гневиме, но сето тоа да го правиме со една причина којашто треба да не наведе до тоа да го најдеме мирот и да го најдеме смирението“, вели отецот за Канал 5 Телевизија.

На денот на несреќата отецот на социјални мрежи се осврна и на сите несреќни во кои Македонија загуби недолжни наши браќа и сестри и ја истакна потребата од враќање кон суштинскиот, светотаинскиот, литургискиот живот во Црквата.