„Ни текнува кога е предоцна!“: Марио Жувела со стихови за Кочани

Некои за жал не добија шанса да продолжат да одат низ овој живот. Заминаа. Прерано заминаа. Но, ние добивме. И има два патишта пред нас. Да одиме напред низ животот жалејќи се на светот.
На луѓето. На се што не е по наше. Или да се заблагодариме, да љубиме, да сочувствуваме. Малку е да се каже дека оние кои повеќе не се тука само ќе ни недостасуваат. Дека времето ќе ги залечи раните. Времето не лечи ништо. Ниту, пак, нѐ учи нешто. Само учиме да живееме без оние кои повеќе не се меѓу нас.
Животот нема цена. Да имаш некој свој. Да можеш да го прегрнеш. Да му дојдеш и да му кажеш што те мачи. Едноставно понекогаш не го цениме тоа доволно. Барем не додека не загубиме некој. На овој свет има многу ранети.
Оние кои плачат кога никој не ги гледа. Чии рани се внатре. Големи. И длабоко. Треба само да ги утешиме. Не да се натпреваруваме. Ниту пак да се споредуваме. Го забораваме тоа. Всушност, се сетиме само кога е предоцна. За промена, да се потсетиме на тоа малку порано! Само тоа.
Пишува познатиот писател и композитор Марио Жувела