Граѓаните на Кочани гневни: Кој и зошто го отстранил штандот за свеќи и книгата за жалост од плоштадот?

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Кочани гневни откако е отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост иако се уште трае седумдневната жалост за загинатите во страотниот пожар.

На фејсбук страницата Кочани (Гласот наКочани) од каде граѓаните постојано се информираат, напишаа:

„Граѓанска реакција: Зошто е отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост иако сеуште трае седумдневната жалост?

Граѓаните на Кочани со огорченост реагираат на отстранувањето на штандот за палење свеќи и книгата на жалост од градскиот парк. Овој простор, кој беше место за оддавање почит кон жртвите, е тргнат и покрај тоа што се уште трае седумдневната жалост“.