Потегот на Меган Маркл некои ги трогна, други пак згрозени од лицемерие: Додека ковчегот со телото на кралицата минуваше покрај неа, војвотката го направи ова
Еден потег на војвотката од Сасекс особено привлече внимание
синоќа во Вестминстерската опатија во Лондон, каде членовите на кралското
семејство присуствуваа на служба во чест на кралицата Елизабета Втора.
Кралското семејство ѝ оддаде почит на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската сала откако дворјаните присуствуваа на кратка служба, а Меган Маркл беше видена како длабоко се поклонува пред ковчегот на кралицата - еден од нејзините последни потези во чест на поранешниот британски монарх.
Во претходното интервју со Опра Винфри, кое деновиве е предмет на различни критики, Меган Маркл откри дека пред првата средба со кралицата морала брзо да го научи протоколот, односно поклонот и дека поранешната снаа на Елизабета Втора, војвотката од Јорк, и помогнала во тоа.
Со својот вчерашен гест Меган трогна многумина, додека кај другите предизвика конфликтни реакции. Оние другите гледаат лицемерие во многу нејзини потези кон кралицата и укажуваат на сложениот однос што постоел меѓу неа и дворот. Вистина е дека мегзитот предизвикан од американската актерка и британскиот принц беше тежок удар за Елизабета Втора, но не треба да го игнорираме фактот дека Меган и Хари се обидоа да ја заштитат кралицата од закани насочени кон кралството.
По кратката служба, Меган и Хари беа видени како се држат за рака, како и Зара и Мајк Тиндал - што беше снимено по 38-минутната поворка до Бакингемската палата, пренесува Мирор.
Принцот Хари одеше заедно со својот брат принцот Вилијам за време на последното патување на кралицата од Бакингемската палата до Вестминстерската сала, додека Меган пристигна со автомобил со Софи, грофицата од Весекс.
Кралот и постарите членови на кралското семејство го поздравија ковчегот додека осум војници од четата на кралицата од првиот баталјон на гардата на Гренадир го носеа во салата. Поворката ја следеа постарите братучеди на кралицата, принцот Мајкл од Кент и војводата од Кент.
Заедно со војводата од Кент беше војвотката од Сасекс, грофицата од Весекс, принцезата од Велс, а потоа и кралицата Консорт.
Меган како да испушти длабока воздишка додека ковчегот на кралицата поминуваше пред неа.
Фото: Профимедиа
Фотографијата која ја крена Британија на нозе: Дали Меган тајно носи микрофон?