Потресно сведоштво на Дијана Накова: Земи ги ќерко моите нозе и стани! Ти биди им мајка на твоите деца, не јас

фото:prikazna.mk

Приказна.мк објави потресно интервју со Дијана Накова од Свети Николе, 43-годишна жена која на 15 години ја родила ќерката Викторија, а денес е принудена да им биде и мајка и татко во животот на внуците, наместо да им биде баба.

Викторија, ќерката на Дијана добила две дечиња но била тепана и малтретирана за време на бременоста, а кратко по раѓањето на ќерката дознала дека има канцер на дојка.
Како што пренесува Приказна.мк напатената Дијана оди по болници со Викторија и преживува хорор. Извесно време спиела и на подот од болниците.

– „Земи ги ќерко моите нозе и стани! Ти биди им мајка на твоите деца, не јас!“ – ѝ кажувала Дијана на својата единствена ќерка, пред да почине.

– Не можам мајко, не ме бидува! Јас ќе им бидам во сенка на моите деца! Но, ти биди им мајка и секогаш зборувај им убаво за мене!“ – низ солзи се присетува Дијана на последните зборови на ќерката Викторија.

Собата од 15 м2 каде починала Викторија пред две години, е единствениот простор каде Лео, Ада и баба Дијана спијат, учат, се бањаат, јадат и функционираат, но не е нивна, а покрај тоа живеат од социјална помош. 

Целото потресно сведоштво на Дијана - ОВДЕ на prikazna.mk

А сите што сакате да и помогнете на Дијана Накова од Свети Николе, тоа можете да го направите на телефонскиот број 078 965169 или на жиро сметката 240317004751854 MKD