Поубав пар и поубав фустан одамна немаме видено: Величествената креација што ја носи Амал Клуни ќе се копира со години (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:IMAGE PRESS AGENCY / DDP USA / PROFIMEDIA

Сопругата на Џорџ Клуни не престанува да изненадува и воодушевува на црвениот тепих.

Вчеравечер во Лос Анџелес се одржа втората годишна гала вечер на Музејот на филмска уметност на која се собраа голем број познати личности.

Најистакнатите имиња на светскиот шоубизнис во моментов присуствуваа на долгоочекуваниот настан и собраа повеќе од 10 милиони долари за да ги донираат во Музејот. Вечерта беше посветена и на Мика Ли, Стив Меквин и Тилда Свинтон, како и на Џулија Робертс, која ја доби наградата Икона за нејзиниот придонес во уметноста.

По црвениот тепих прошетаа голем број познати личности, но меѓу најистакнатите на вечерта беше Амал Клуни, истакната адвокатка и сопруга на актерот Џорџ Клуни, која уште еднаш покажа зошто е синоним за елеганција.


фото:IMAGE PRESS AGENCY / DDP USA / PROFIMEDIA

Амал избра фустан од еден од поновите брендови за кои најмногу се зборува во последно време, а тоа е Del Core, модна куќа основана пред само две години од Даниел Дел Кор, кој своевремено работел во Гучи.

фото:IMAGE PRESS AGENCY / DDP USA / PROFIMEDIA

Г-ѓа Клуни се одлучи за модел од ресорт колекцијата за 2023 година, тоалета која би можела да доминира во гламурозните настани во наредните години.

Станува збор за фустан со корсет и без прерамки, на кој доминира светло зелената боја во различни нијанси, а покрај светлиот тул кој му дава разиграност, на корсетот се зашиени ленти од тул, така што прават се' да изгледа уште поефективно.

Овој стил Амал го комплетираше со пуштена кадрава коса, а во раката носеше минијатурна зелена чанта.

извор:GLOSSY