Повеќе од 120.000 за време на Black Friday во Скопје Сити Мол
Полни ходници и продавници, задоволни купувачи со полни раце брендирани кеси – ова е сликата на која беа сведоци сите кои го посетија Skopje City Mall викендов. Попустите кои беа дел од Black Friday & Weekend акцијата на најголемиот трговски центар кај нас привлекоа над 120.000 посетители кои ги искористија одличните услови да купат нешто за себе, но и за најблиските.
" Нашата цел е да овозможиме најдобри услови за незаборавен шопинг, и успеваме во тоа. Потврда за тоа е рекордната посетеност која ја имавме во овие три дена, а тоа е 120.000 посетители. Скопје Сити Мол како никогаш до сега, беше полн со задоволни лица. Голема благодарност до нашите закупци кои направија овој Black Friday да помине во најдобар ред и што овозможија одличен шопинг.“ – изјави Дамјан Корубин од маркетинг секторот на Skopje City Mall.
Според посетителите, како и секоја година така и оваа, Skopje City Mall навистина понудил одлична забава и попусти.
"Како редовни посетители на Skopje City Mall секогаш сме задоволни од понудата која ни ја овозможуваат. Оваа година за Black Friday имаше навистина добри понуди. Направивме шопинг и сме презадоволни." - изјави еден од задоволните купувачи.
За време на шопингот можеа да се забележат посетители од буквално целиот регион. Имаше од буквално цела Македонија, а возила со регистарски таблички имаше од Косово, Албанија, Србија.