Повторно го спои неспоивото и по стоти пат докажа дека е ненадмината „Кралица на уличната мода“
Папараците секојдневно ја чекаат пејачката и водителка Ешли
Робертс пред работното место на популарното радио Heart FM, а на сите љубители
на модата им е јасно зошто.
Оваа 40-годишна русокоса дојде на тронот на најдобро обучени жени во светот, а тоа можеме да го видиме од приложеното - секој ден јавноста е изненадена со нејзиното ново интересно, тренди издание.
Изгледа дека на Ешли никогаш не и здосадува играњето со модата, храбро ги следи трендовите и го комбинира неспоивото, а се чини дека може да се справи со различни стилови.
Не ѝ недостасува инспирација, а за тоа сведочи и овој аутфит.
Ешли повторно го спои неспоивото и уште еднаш покажа дека е кралица на уличната мода.
Зелена ролка-џемпер, кралско сино плисирано здолниште, розев капут - ни нас не ни звучи компатибилно, но оваа жена го спои совршено!
Целиот аутфит го комплетираше со розови салонки и чанта во слична нијанса, а како додаток носеше зелени очила.
Внимавала на секој детаљ, па има и нокти во иста боја како ролката. Немаме замерки за нејзиниот аутфит, а дали и вам ви се допаѓа?
Фото: Профимедиа