ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Бела џиновска панда, единствена во светот

Менаџментот на природниот резерват во провинцијата Сичуан, на југозападот на Кина, објави прва фотографија со комплетно бела панда, единствена во светот, пишува NationalGeographic.rs.

Експертите велат дека е во прашање албино панда стара до две години, а за разлика од нејзините црно-бели родители, таа има црвени очи.

Мечката е фотографирана во средината на април, а полот не е познат. Планирано е во шумата во Сичуан да бидат поставени уште камери за да се следи нејзиниот развој.