Познанства
Стив глумеше дека не ме слушна и излезе да пуши цигара, но во погледот видов искра грижа на совест во неговите очи. Јас останав во дневната, пуштив телевизија и зјапав во телевизорот, но се прашував: „Што се случувало во минатото па преминало и во сексуална зависност? Тајното клопче е заврзано сè уште, но кога ќе падне на земја и ќе почне да се одмотуваа, тогаш сите тајни ќе излезат на виделина. По природа не сум љубопитна и не ме интересира минатото на Стив, но морам да дознам што се крие зад некој густ превез за да се заштитам себеси. Кире е отсутен, ако беше тука, може ќе кажеше дел или ќе ја кажеше целата вистина“.
Мобилниот заѕвони и ми се јави Елена: „Вики, каде сте? Ве чекам да дојдете кај нас. На Стив му ѕвонев, но мобилниот му е зафатен“. „Мама Елена“, првпат ја нареков мама и верувам дека и беше мило: „Сега ќе го прашам Стив“. Стив влезе и климна со главата, но ми кажа дека ќе одиме подоцна.
Од кујна донесе две чаши и шише виски. Седна до мене на троседот. Ме прегрна, тури од шишето виски и наздравивме двајцата. Се напив малку од чашката, а тој ме притисна до себе и ми го пикна јазикот длабоко во грлото. Само што ни се сплеткаа јазиците, мојата пичка почна да испушта сокови и почнав да се влажнам. Брадавиците ми се стегнаа и почнаа да се стврднуваат. Стив не дочека, ме крена и ме седна на коленици, божем сум мало дете. Со устата и едната рака ми ги извади градите и страсно ми ги месеше, цицаше и бакнуваше истовремено, те едната, те другата града. Со другата рака цврсто ми ги држеше задниците и ми ги удираше. Мојата рака се спушти на неговите панталони, кои беа влажни од неговиот цврст, набрекнат кур. Јас го гмечев неговиот тврд кур, сакајќи што побрзо да навлезе во мене бидејќи пичката моја нестрпливо чекаше да биде задоволена пулсирајќи сè појако и гушејќи се во сокови.
Потоа ме крена на раце и ме намести на масата. Од брзање ми ги искина танга-гаќичките, се соблече и ми ги рашири нозете и го намести главчето на неговиот кур во моето меѓуножје. Влезе во мене и го осетив неговото пулсирање, неговата големина која ме исполнуваше до крај. Бевме многу запалени и нè издржавме долго. Јас почнав да свршувам и заедно тој со мене. Ме исполни со топла семена течност. Задоволство беше и на двајцата, но мислам јас повеќе уживав. Потоа продолжи да ме бакнува. Јас бев многу запалена. Ме фати со раката за клиторисот, го масираше, а бидејќи беше влажен за кратко време почнав да се грчам повторно. Искрено, Стив умееше во сексот и точно знаеше која ерогена зона влијае кај жените. Додека свршував ми шепотеше: „Те сакам Вики. Ненадејно ти влезе во мојот живот и уште од првпат кога те видов, бев уверен дека поседуваш интересен дух на чистота, искреност кој пленува и убавина која обзема. Ти си посебна и ќе бидеш моја жена, моја единствена сакана“.
Не успеав да кажав ништо бидејќи мобилниот повторно заѕвони. Стив се јави и рече: „Еве доаѓаме. Само што не сме тргнале“. Го затвори телефонот и додаде: „Е, Елено, многу си досадна“, кажа повеќе за себе. Јас почнав да се смеам. „Вики, гледаш дека не може да се стрпи. Откако дојде ти цел ден ми се јавува и прашува дали си јадела, што сакаш да купиш, што ти недостасува, па не си ти мало дете. Намерата и е добра и се грижи, но претерува. Те молам оди среди сè да отидеме ако и текне таа ќе тргни сега кај нас“. Јас продолжив да се смеам и потоа отидов да се средам и тргнавме.
Му ѕвонеше мобилниот по пат, но не се јави. Стигнавме за кусо време. Кога влеговме Елена ја поставила масата и седнала, нè чека гледајќи телевизија. Кога влеговме, стана, нè избакна. Не кажа ништо но многу беше радосна и светеа очите. Седнавме на маса.
Стив се јави на мобилниот: „Повели Џон? Кај мама сме“. Разговараше со брат му Јован – Џон. Излезе од соба. Јас и мама Елена разговаравме обични работи додека се врати. По разговорот влезе внатре и загрижено ѝ се обрати на Елена: „Мамо, имале многу работа. Одамна не сум им помогнал, но сега би одел, но Вики што ќе прави сама?“
Елена се израдува многу: „Ти не се секирај за Вики до свадбата, има неполни два месеци, треба да одиме да гледаме венчаници, чевли и сè што е потребно. Задоволство ми е да ми биде гостинка, ќе седиме заедно, ќе прошетаме и ќе ја запознаам со многу наши пријатели. Но, зависи од Вики дали сака да биде овде додека да се вратите“.
Јас веднаш се согласив. Ми одговараше ситуацијата. Ќе можам да научам нешто ново, нешто повеќе за нивниот живот и воопшто, нешто повеќе за животот овде. Дополнително, ќе запознам многу луѓе.
Стив и јас отидовме дома. Зедов најпотребни алишта, прибор и отидовме кај Елена. Јас останав, а вечерта Стив замина со двајца работници.
Уште првиот дена Елена организираше средба кај неа попладнето. Спремаше закуска, а јас ѝ помагав. Со готвењето досега немав искуство. Но, помагајќи забележав дека ме интересира готвењето. Моите се јавија по телефон и беа пресреќни што Стив не е овде а јас ќе седам со Елена и ќе бидам кај неа извесно време што беше знак дека се согласуваме. Попладнето дојдоа нејзини пријателки. Се запознавме, беше забавно со нив. Тие за сè разговараа и една од нив кажа: „Ја видов Леа в град. Се држеше за рака со црнец и дури ме одбегна, не сакаше да се поздрави“. А друга дофрли: „Нека се разоноди и таа по сè она што го помина, заслужува да има некој“.
Јас се сетив на првата ноќ кај нас кога водеше љубов со црнецот и ги сликаа. Но, Елена одбегнуваше да разговара за неа и почна некој сосема друг разговор. Ете, кога имаш средби со различни луѓе секој ќе каже нешто, малку озборување и мозаикот почнува да се склопува.
Тие се понудија следниот ден да дојдат со нас в град да разгледаме венчаници и да седнеме на кафе. Така и бидна. Другиот ден се прошетавме, разгледавме венчаници и седнавме на кафе. Разговаравме и иако не беа моја возраст, беа интересни. А јас заклучив дека морам да шетам за да почнам да се ориентирам.
Стив се јавуваше редовно, но, не знаеше кога ќе завршат бидејќи имале многу работа и се фалеше дека се препородил со работата. „Дај Боже, така нека биде“, секогаш си помислував кога и да се јавеше.
ТУЃИНКА