Познат астролог од 3 јуни најави големи промени: Многу поволен период за овие хороскопски знаци

Еден од најпознатите астролози во Србија, Душан Величковиќ, нагласува дека утре конечно ќе заврши ретроградниот Меркур и дека ќе пристигне убава енергија!

Величковиќ објаснува дека една кралска ѕвезда ни носи посебна енергија! Така да - конечно можете да здивнете, бидејќи од 3 јуни Меркур се движи директно!

- Ретроградниот Меркур се движи директно, но тоа се мали поместувања, ќе стои следните три дена, ќе биде на исто ниво. Сепак, добро е што не оди наназад и не создава хаос. Ова ќе биде период за длабоко размислување. Од 3 јуни почнува поправањето на грешките - вели Душан.

Од друга страна, астрологот носи многу добри вести. Најсветлата планета во соѕвездието Бик - Алдебаран моментално носи посебни подароци за сите хороскопски знаци.

- Во моментов на небото има млада Месечина, Месечината и Сонцето се во деветтиот степен на Близнаците, каде што има една кралска ѕвезда Алдебаран која дава среќа - таа е една од четирите кралски ѕвезди. Дава среќа во сите нови почетоци, тоа е портата на истокот. Тој спој ќе не‘ следи во наредните 10, 15 дена. Ќе ни помогне да исправиме се‘ што Меркур расипал и уништил. Тоа им дава среќа на оние кои се доволно храбри да започнат нешто ново во следната недела - објасни Душан Величковиќ.

И нагласува дека ова е идеален период за оние кои сакаат да започнат нешто ново во животот!


Фото: unsplash

Ги контролираат своите пријатели: Родените во овие хороскопски знаци обожаваат да ги држат конците во раце!