Познат нутриционист тврди: Заблуда е дека благото дебелее
Францускиот нутриционист Паскал Гордон тврди дека секојдневната консумација на шеќер не може да ја наруши нашата линија. Десерти се дозволени, но има неколку правила што треба да се следат.
Освен ако не претерате со внес на калории во текот на денот, вашата тежина нема да се промени.
Шеќерот е од суштинско значење за телото да функционира правилно. Кога ќе го му го ускратиме тоа на организмот, мозокот почнува да функционира неправилно, мускулите ослабуваат и се појавува чувство на замор. Комплетно откажување од благо не е добра идеја, тврди Паскал.
Ако го прашате него, ригорозни диети не препорачува на никого. "Тие имаат ефект на краток рок, и кога ќе почнете да се хранат нормално, килограмите само се лепат за вас".
Исхраната мора да биде разновидна. Дозволено е внес на благо, но најдобро е да се јаде наутро, затоа што така најбрзо се вари во организмот.
„Ако ви се јаде нешто слатко, можете да јадете и на крајот на оброкот , но не и за ужина“, забележува нутриционистот.
Шеќерот не е непријател на линијата, се додека го консумирате на вистински начин и во ограничени количини.