Позната актерка која Македонците ја гледаа во 90-тите ја напушти болницата СВА со модринки - болеста се третира како мистериозна

Добивај вести на Viber

Тори Спелинг неодамна ја напушти болницата во Лос Анџелес, по неколкудневно лекување. Излезе целата во модринки, во инвалидска количка. Овој вид на помош е обично стандардна процедура по неколкудневна хоспитализација, но изворите велат дека на актерката и е потребна помош да стане и да оди до својот автомобил.

Актерката Тори Спелинг имаше повеќе модринки на лицето, а причината се‘уште не е позната, поради што беше хоспитализирана минатиот четврток. Ѕвездата на серијата „Беверли Хилс 90210“, која беше многу популарна во деведесеттите и кај нас, ден пред да излезе од болница објави слика од болничката соба.

View this post on Instagram

A post shared by Page Six (@pagesix)


„Благодарна сум и толку горда на моите силни, храбри, издржливи и љубезни деца кои остануваат позитивни што и да се случи“, истакна таа.

View this post on Instagram

A post shared by The Blast (@blast)


Актерката и нејзиното семејство минуваат низ тежок период. Неодамна била забележана со децата пред караванот, се претпоставува дека таму престојуваат привремено, а претходно престојувале во мотел. ТМЗ пишува дека нејзината бурна разделба со нејзиниот сопруг Дин Мекдермот, со кој беше во брак речиси две децении, е во тек.


Фото: Youtube - screenshoot/ Инстаграм