Позната докторка откри кој витамин помага при алергии: Но, ако земате други лекови, треба да го знаете ова
Д-р Ивана Стефановиќ зборуваше за витамини кои можат да ни помогнат при алергиски проблеми
Таа открила и кој витамин треба да го земаат сите кои се алергични, а дала и едно предупредување.
- Високите дрвја веќе почнаа да цветаат, а сега најмногу проблеми имаат оние кои се алергични на брезата и нејзиниот полен. Можете да си помогнете со земање на витамин Ц во поголема доза од вообичаената, бидејќи ги намалува некои од симптомите на алергија и до 50 отсто и ги стабилизира мастоцитите и хистаминот, кој на сите ни прави проблеми кога сме алергични – изјави д-р Ивана Стефановиќ.
- Но, земајте витамин Ц само по консултација со вашиот избран лекар, бидејќи можно е да треба да ви даде венски витамин. Најдобро е да се консултирате пред да го земете бидејќи витаминот Ц може да предизвика проблем доколку земате некои други лекови. Само по себе не е токсичен, но за да не ризикувате, консултирајте се со лекар – изјави докторката.
Таа исто така советуваше во исхраната да се вклучат овошје и зеленчук богати со оваа скапоцена супстанција.