Познатата Сузан од „Очајни домаќинки“ не сака ботокси и пластични операции: Актерката покажа како изгледа нејзиното лице на 56 години и многумина ѝ завидуваат
Не е вообичаено, но не и невозможно. Светските ѕвезди можат
да кажат „не“ на пластичните операции, а резултатите од таа одлука погледнете
ги на примерот на познатата актерка Тери Хачер, која има 56 години.
Тери Хачер беше гостинка на Фан фестивалот во Париз. Таа гордо ги покажа своите брчки, неколку побелени влакна и дискретно нашминканото лице. Актерката ја поддржува природната убавина и е прилично одлучна за тоа.
И покрај фактот дека трендовите за вештачка убавина не ја губат популарноста, Тери не сака да се поклони на тие диктати. Нашиот заклучок е дека плени со убавина, а дали вие го поддржувате природниот изглед?
Важно е да се каже дека Тери е многу доследна во грациозното стареење, иако не и е непознато да фотошопира фотографии за социјалните мрежи иако нема причина да го прави тоа.
Тери Хачер ја играше Сузан Мајер во познатата серија на Марк Чери „Очајни домаќинки“ која се емитуваше од 2004 до 2012 година, а Тери Хачер (57) играше еден од четирите главни ликови во оваа серија заедно со Ева Лонгорија Бастон (Габриел Солис), Фелисити Хафман (Линет Скаво) и Марсија Крос (Бри ван де Камп) .
По емитувањето на серијата која забележа огромен успех, започна приказната за Тери која вели дека било многу „незгодно“ да се работи со актерката, односно за време на снимањето на една сезона не разговарала со никого на сетот. По последната капка, трите главни ѕвезди им се заблагодарија на сите освен на неа, поттикнувајќи ги гласините за нејзината тешка природа.
Тери Хачер е на некои листи на холивудски ѕвезди со незавидна репутација на „неподносливи соработници“.
Актерката исто така се шпекулираше дека банкротираше и остана без покрив над главата, што подоцна го демантираше, посочувајќи дека станува збор за фотографија од снимањето на серијата во која глуми жена која живее во трејлер
Тери се занимава со глума од 1985 година, а како една од нејзините најголеми улоги се издвојува во филмот за тајниот агент 007 „Tomorrow Never Dies“ каде го толкуваше ликот на девојката на Џејмс Бонд. Играла и во филмовите „Танго и кеш“ и „Фрејзер“. Таа денес живее во Лос Анџелес.
Фото: Профимедиа
Извор: женаблиц