Познатиот астролог Павел Глоба открива: Овие три хороскопски знаци ги очекуваат убави работи во септември

Влијателниот руски астролог Павел Глоба истакнува дека следниот месец ќе биде најповолен за овие три хороскопски знаци:

Шкорпија

Шкорпии, ова ќе биде среќен месец за вас, а среќните околности ќе пристигнат многу брзо - веќе во првата половина од месецот! Очекувајте сериозни промени, пред се‘ на професионално ниво. Но, покрај подемот очекувајте и одредени падови во септември. Потенцијалните неуспеси ќе бидат резултат на непромислени постапки, затоа овој пат слушајте го искуството и разумот, а не вашето срце. Исто така, на почетокот на месецот не треба да планирате нови проекти, туку да внимавате на недовршените проекти. Не занемарувајте ниту некои познанства - ве очекуваат профитабилни состаноци.

Стрелец

Доколку сте во врска која не е јасно дефинирана, ова е месецот во кој конечно ќе добиете официјализирање на таа врска – веројатно сами ќе одлучите за статусот на врската! Сепак, размислете добро ако одлучите да ја официјализирате оваа врска - бидете сигурни дека овој партнер е 110 проценти погоден за вас. Исто така, септември е месецот кога конечно ќе можете да реализирате некои идеи за кои долго размислувате. Ќе имате и бројни можности на располагање, а работите генерално ќе се одвиваат лесно и сами по себе. Главната работа е да бидете одлучни и подготвени да ги преземете работите во свои раце.

Јарец

Глоба истакнува дека Јарецот е знакот на Зодијакот кој можеби ќе има најголем успех во септември 2022 година. Но овојпат успехот е апсолутно заслужен - на оние кои беа упорни, одговорни и посветени на работата; случајната среќа нема врска со тоа. Сè ќе функционира лесно - и напредок во кариерата, и ситуацијата на работа, и зголемување на финансиите. Дури и на лично ниво, Јарецот ќе може да ги спроведе сите промени што ги сака.


Фото: unsplash

Извор: информер

Пристигна млада месечина во Девица: Познат нумеролог и астролог открива зошто треба да бидете внимателни