Познатиот хит на Ана Бекута е посветен на овој пејач: Никогаш не ја прифати својата вонбрачна ќерка, а таа израсна во убавица (ФОТО)

Приказна која постојано ја заинтригирува јавноста ...

Малкумина знаат кому, всушност, му е посветен големиот хит на Ана Бекут „Godinama“, кој таа го отпеа далечната 1999 година! Имено, познатата песна е посветена на нејзиниот колега и пријател Драган Којиќ Кеба!

Иако можеби не разбирате како дошло до тоа, сè ќе разберете кога ќе прочитате кој е текстописецот.

Верувале или не, зборовите на оваа легендарна песна ги напишала Љиљана Јевремовиќ, со која Кеба ја има вонбрачната ќерка Ина Јевремовиќ.



Како настанала?

Песната „Godinama“ Љиљана ја напишала за време на бременоста што ја минала без Кеба, со оглед на тоа што тој ѝ тогаш „се откажал“ да биде поддршка на Љиљана. Овој познат пејач до ден денес не ја запознал својата ќерка Ина која неодамна наполни 23 години.

Во текстот на песната се споменува дури и името на Кеба - Драган:


„ Kad u duši zastudeni
ti, Dragane, dođi meni
nek’ zaceli moja rana
sve u ime naših dana.
Ni čula te, ni videla
godinama, godinama
ali, kad poželim ti ćeš doći
da ne budem sama “.



Иако Кеба има многу добри односи со ќерката Наташа и синот Игор, тој никогаш не ја поддржувал својата вонбрачна ќерка. А има многу причини да се гордее со неа. Таа е посветена на образованието, има талент и за музика. Таа израсна во вистинска убавица.


Фото: Инстаграм/Фејсбук

Фото насловна: Youtube - Zvezde Granda Specijal

Дали е можно? Драган Којиќ Кеба е разведен поради оваа бизарна причина