Дали е можно? Драган Којиќ Кеба е разведен поради оваа бизарна причина

Пејачот Драган Којиќ Кеба постојано зборува за големата љубов и среќниот брак со Оља. Но, дали знаевте дека парот е разведен од 2013 година?!

Од 2013 година е разведен Кеба, и тоа само поради обидот да избегне да плаќа алиментација за неговата вонбрачна ќерка Ина, дознава Курир.

Се дозна дека пејачот од 2 април 2013 година не е официјално во брак со сопругата Оља, дека тие се разведени!

Фолкерот доби вонбрачна ќерка со текстописецот Љиљана Јевремовиќ, која водеше жестока битка за докажување на татковството и се бореше за алиментација, која според законот ја следи нивната ќерка. Како што еднаш брмчеа медиумите во соседна Србија, долгот за алиментација на Кеба достигнал неверојатни 100.000 евра со затезна камата, што тој одбил да ги плати.

За време на судскиот спор со Љиљана, Драган Којиќ пред судот откри дека изгубил дел од имотот поради разводот:

„Во моментот на донесување на претходната одлука живеев во куќа од 330 метри квадратни со сопругата Оља, синот Игор и ќерката Наташа. Во меѓувреме на 02.04.2013 се разведов. Сега живеам во куќа од 100 метри квадратни, што е мој имот. Во куќата живеам сам. Во времето на претходното решение куќата во која живеев беше во сопственост на Олга Којиќ. Тогаш имав само куќа во Лозница. Освен куќа во Лозница, немам друг недвижен имот“, рече Кеба на рочиштето, а тоа го објави споменатиот медиум пред речиси десет години и додаде:

„Од 01.06.2013 година до денес воопшто не сум работел, на боледување сум поради здравствени причини кои ќе ги документирам со докази од кардиоваскуларното одделение на Дедиње, последниве два месеци земам 15.000 динари (околу 7.500 денари) нето месечно. Се случувало мој настап да биде на позитивна нула и ништо да не заработам, а ми се случило после настапот да заработам најмногу од 30.000 до 60.000 динари (од 15.000 до 30.000 денари)“, изјави тогаш тој.


Фото: Planeta Official - screenshoot

Секогаш ќе ми недостига: Кеба со солзи во очите првпат проговори за Северина и Игор