Секогаш ќе ми недостига: Кеба со солзи во очите првпат проговори за Северина и Игор

Добивај вести на Viber

После долго време Кеба проговори за разводот на синот Игор и неговата поранешна снаа.

Пејачот Драган Којиќ Кеба за прв пат проговори за разводот на синот Игор Којиќ и Северина, за кој досега избегнуваше да зборува во медиумите, иако сите брмчеа за тоа.

По долгиот медиумски молк за разводот на синот и популарната пејачка, Кеба конечно ја коментираше поранешната снаа.

„Не одбегнувам да зборувам за тоа. Но, не го советував син ми ни пред, ниту по разводот. Ниту тој го побара тоа од мене. Тој е зрел човек. Што се однесува до тоа, дали тој прв побарал развод? Не. Минатото нека остане во минатото“, започна пејачот за Курир.рс, а на прашањето дали жали што Севе повеќе не му е снаа, се обиде да одговори.

„Моја лична работа е дали ми е жал или не. Ниту една разделба не е лесна и не е лесно да се каже „сеедно е““, одговори тој.

Којиќ го допре и синот на пејачката, кого го гледаше како внук, па сега со тага во очите и трепет во гласот рече дека му недостига детето.

„Го сакам, како и секогаш, најмногу на светот. И секогаш ќе ми недостига“, призна Кеба.


фото: Инстаграм - Драган Кеба Којиќ