Прават чуда за тенот: Намирници со кои ќе потемнете побрзо и поздраво
Доколку сакате да го забрзате потемнувањето на вашата кожа ова лето, правилната исхрана може да биде вашиот главен сојузник!
Кожата изгледа најдобро кога е здрава, но покрај потребната хигиена и креми, можете да се грижите за тоа и одвнатре, со храна, чии состојки ќе направат вашата кожа да изгледа поубава и поздрава.
ВИТАМИН А
Морковите го заземаат првото место на списокот, со 1200 мг витамин А, со што се зголемува производството на мелатонин, кој достигнува до вашата кожа.
Постојат многу други намирници кои ќе ве направат не само да изгледате поисончано, туку и да избегнете изгореници и да ја одржувате телесната температура на вашето тело додека се сончате.
БЕТА КАРОТЕН
Ротквица, црвена салата доаѓа веднаш после морков, проследено со диња, целер, домат, лубеница, кајсии, јагоди и цреши. Сите овие намирници се богати со бета-каротен, кој има антиоксидантно дејство и и помага на кожата да произведе меланин.
Бета-каротен може да се најде во сите видови на овошје и зеленчук со портокалова или црвена боја.
Конзумирањето на суров или варен зеленчук и зачинување со екстра маслиново масло помага во апсорпцијата на бета-каротен.
СЕЛЕН И ВИТАМИН Е
Селен и витамин Е ја штитат вашата кожа од брчки, а може да се најдат во јајца, пченка, домати, авокадо и бели сирења.
ОМЕГА-3 масни киселини
Рибите, бадемите и лешниците содржат масни киселини омега 3, кои се клучни во спречувањето на стареењето на кожата.
ВИТАМИН ПП (никотинамиди)
Црвеното месо, ракчиња, сина риба и црниот дроб помагаат во лекувањето на сончањето, бидејќи содржат витамин ПП, додека мешунките и житарките помагаат во негување на кожата и ја штитат од надворешни влијанија.
Избегнувајте цитрус
Запомнете да избегнувате цитруси, кои содржат витамин Ц, бидејќи го отежнува добивањето на исончан тен, како и магданос.
Исто така, избегнувајте храна која содржи многу сол, затоа што предизвикува задржување на водата во организмот.
Совршена комбинација за врели летни денови би била:
-мешавина од овошје и јогурт со малини за појадок
-ориз со шафран и тиква (80 грама) и пиперки на скара за ручек (зачинет со маслиново масло)
-сина риба (200 грама) со авокадо и домат за вечера
-кајсии како закуски
извор:MENSHEALTH.RS