Пред неколку дена поднесе барање за развод, а сега се породи: Познатата раперка го роди третото дете - блеска од среќа

Добивај вести на Viber

Таа објави серија фотографии од породилиштето

Раперката Карди Би на својот Инстаграм профил откри дека на 7 септември родила дете.

Таа објави неколку фотографии од болница со новородено девојче чие име се‘ уште не е познато.

Ова и е трето дете, а шесто дете за нејзиниот сопруг, од кого неодамна поднесе барање за развод, раперот Офсет.

Карди објави серија фотографии од породилната сала, каде што може да се види како ужива со двете деца и нејзиниот отуѓен сопруг и новороденчето.

View this post on Instagram

A post shared by Cardi B (@iamcardib)

Сепак, последната во низата слики предизвика големо внимание, со оглед на тоа дека сликата е направена пред породувањето, барем судејќи по нејзиното лице, а на која отишла нашминкана.

Да потсетиме, пред неколку месеци, само еден ден пред да објави дека е во бремена, Карди Би најпрвин објави дека таа и нејзиниот сопруг Офсет се разделуваат.

Имено, таа во четвртокот на Инстаграм потврди дека е бремена со третото бебе, недолго откако се појавија веста за нејзиното барање за развод од Офсет.


Фото: Инстаграм