ПРЕД ОГЛЕДАЛО со Антонија Гиговска: Никогаш не сум посетила козметички салон
Пејачката Антонија Гиговска како млада и секогаш средена девојка за „Женски Магазин“ ги сподели своите трикови и тајни за убавина.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
- Искрено денот го поминувам со 0 шминка. Сакам кога сум комплетно природна, па затоа немам некој козметички ритуал, освен миење на лицето.
* Со какви препарати го негувате лицето?
- Освен што го мијам лицето,користев и скроб од какао и кафе,па тоа ми помогна да го измазнам.
* Посетувате ли козметички салони?
- Не,никогаш досега.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
- Гарниер е мојот омилен.
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
- Шминката ги истакнува цртите на лицето.. Би сакала да ги истакнам моите црти, а да го прекријам уморот.
* Кои се Вашите омилени козметички производи?
- Моливче за веѓи,маскара и контура,кармин..
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
- Не одам никаде без сјај/мат кармин и молив за веѓи.
* Омилен парфем?
- Satwa.
* Како ја одржувате линијата?
- Љубител сум на храна, можеби и затоа ми оди потешко. Но, со тренинзи се обидувам да ја одржувам линијата. И секако со пешачење.
Даница Караташова