Пред огледало со Елена Реи: Не сум љубител на шминка

Добивај вести на Viber

Македонската манекенка со интернационална кариера, Елена Реи, ги откри сите тајни за својот природен изглед и супер линија, пред огледалото на Женски Магазин.

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал? 

- Секое утро го мијам моето лице со гел и веднаш потоа нанесувам салицилна киселина нијацинамид и завр[увам со хранлива дневна крема. Истото го повторувам и пред спиење со исклучок на тоа што нанесувам хидрантен серум.

* Со какви препарати го негувате лицето? 

- „Бале ваш гел“, „Ревокс“ мијацинамид, „Ревокс“ салицилна киселина, „Балеа“ сензитив крема и „Ревуел“ хидратантен серум.

* Посетувате ли козметички салони?  

- Да, секогаш и би издвоила дека омилено место за моите козметички ритуали е „Перла центарот“ кај Др. Даниела Димитрова.

* Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- Во моментов користам „Гарние Биотерм“ шампон за коса, но на три месеци го менувам производителот со цел да не го оштетам скалпот.

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка? 

- Искрено ништо. Не сум љубител на шминка, таа ја користам само за моите професионални ангажмани и затоа имам целосна доверба во мејкап артистот Васе Доковски. За мене природниот изглед е тој што ја прави жената да изгледа поздраво и посјајно. 

* Кои се Вашите омилени козметички производи?  Што носите секогаш во Вашиот несесер? 

- Балзам за усни и антисептик за дланки.

* Омилен парфем? 

- „Солеј Неж“ на Том Форд.

* Како ја одржувате линијата?

- Вежбам со мојот омилен тренер Јасна Пилатес и се трудам храната што ја внесувам да биде во умерени количини, да биде свежа и здрава.

Д.Караташова