Пред огледало со Илариа Килиров: Поважна е негата, отколку шминката

Добивај вести на Viber

Познатата млада манекенка и моделка од Куманово, Илариа Килиров, пред огледалото на Женски Магазин ги откри своите ритуали за убавина.

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Ја сакам едноставноста. Немам посебен ритуал. Сапун, вода и крема која одговара на моето суво лице.

* Со какви препарати го негувате лицето?
- Главно користам креми за суво лице. Во последно време го користам „Lancome Youth Activating Concentrate“ , крема за околу очи и ноќна крема. Сепак посебно сум врзана за македонската природна козметика „6sense”, имаат извонредна палета на производи од кои би го издвоила „Oil Blend Serum“ кој ми дава свеж изглед.

* Посетувате ли козметички салони?

- Ретко посетувам козметички салони. Сè уште не чувствувам потреба.


* Кои производи ги употребувате за нега на коса?- За нега на коса користам „Revlon Professional One“ колекцијата и “ Kerastase” силиконски капки. Се обидувам косата да ја сочувам од оштетување и кога немам снимања избегнувам да ја фенирам.


* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
- Ми се допаѓа природен изглед и за мене важи правилото „помалку е повеќе”. Сакам помалку шминка која ќе го потенцира природниот изглед. Поважна е негата, отколку шминката.


* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
- Во мојот несесер секогаш има молив за уста, четка за веѓи и за коса.


Фото: Sadek Majed и Said Muhamed

* Омилен парфем?

- Постојано ги менувам парфемите и не успевам да го пронајдам оној со кој би се идентификувала, но во моментов ми се допаѓа „Gentle Fluidity Gold Maison Francis Kurkdjian“ .

* Како ја одржувате линијата?

-Физичката активност мислам дека е пресудна за добра линија. Умереност во јадењето, а морам да признам дека повеќе сакам „нездрава” храна. 


*Д.К.И.