Пред огледало со Здравкица Милиќ: Самата си правам маски за лице

Добивај вести на Viber

Водителката Здравкица Милиќ важи за една од најшарматните дами од од ТВ екраните. Мајката на петгодишната Маша вели дека нема многу време за козметички третмани и самата си прави домашни маски за убавина. 

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

-  Порано имав повеќе време и знаев да отидам барем на класичен третман, а сега за жал права, по некоја маска дома, и секојдневно темелно чистење на лицето. 

* Со какви препарати го негувате лицето?

-  Во последно време ја користам медицинската линија на Себа мед. 

 * Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

- Што се однесува до шминката, секогаш сакам да ги истакнам очите. Кога не сум на камера, тоа е поприродна варијанта, а најчесто ги прикривам подоцњаците. 

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

- Од декоративна козметика ми одговара ат производите на Mac.

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Секогаш во мојот несесер се наоѓаат руменило и сјај. 

* Омилен парфем?

- Омилени парфеми ми се на Каролина херера. 

* Како ја одржувате линијата?

- Линијата ја одржува со нормална исхрана, а од физички активности само пешачење.