Моден фокус // Трендови
Пред породување: Познатата пејачка наскoро ќе стане мајка
Познатите личности ги следат светските трендови дури и кога станува збор за фотографирање во текот на бременоста.
Исклучок од ова правило не е ни Аделина Тахири, која на почетокот на годината стапи во брак со познатиот адвокат Серјожа Марков, со кого го очекуваат раѓањето на нивниот син.
Пејачката ретко објавува фотографии од сопругот, но затоа редовно објавува слики од трудничкото стомаче. Па така, на последната фотографија, иако не е нагласено во која недела од бременоста е, претпоставуваме дека таа е при самиот крај и дека наскоро ќе се реализира во улогата на мајка.