Пред Софија Мило, Лука ја сакал оваа убавица: Долго време се шушкаше дека ја изневерувал со манекенката, а ова е вистината

Добивај вести на Viber

Пред Софија Милошевиќ, Лука Јовиќ беше со Анѓела Маниташевиќ, а неговиот љубовен живот доби облик на теленовела

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ веќе неколку години ужива во љубовта со манекенката Софија Милошевиќ. Нивната врска е една од ретките што не беше проследена со скандали.

Сепак, самиот почеток на нивната врска беше мета на разни шпекулации бидејќи Јовиќ доби син со друга девојка во моментот кога стапи во љубовна врска со Софија. 

Девојката со која Лука го доби првиот син е убавата Анѓела Маниташевиќ. И покрај тоа што нивниот син Дејвид бил четиримесечно бебе, парот во тоа време не бил заедно.

„Јас и Лука бевме вистинска приказна од 2014 до 2016 година. Тогаш лудо се сакавме, но љубовта згасна и раскинавме на нормален, цивилизиран начин. Сепак, во 2018 година се запознавме и страста проработи. Забременив непланирано, но кога тоа се случи - двајцата сакавме да се роди тоа дете. Сега го имаме Дејвид и сме му благодарни на Бога за тој подарок. Сепак никогаш не сме биле во врска од 2016 година. Ние го имаме своето дете, но секој може прави што сака“, објаснува Анѓела за белградските медиуми.

Анџела со ова објаснување стави крај на шпекулациите дека фудбалерот ја изневерил со Софија и гласините дека ја оставил поради неа. Меѓутоа, Софија признала дека на самиот почеток ја криеле својата врска, поради бебето.


„Ситуацијата му беше комплицирана затоа што не е со таа девојка неколку години, но сето тоа беше протолкувано на поинаков начин. Дека јас растурав брак, а брак воопшто немаше... Се обидовме да го скриеме тоа колку што е можно подолго. Ми ѕвонеше мајка ми, јас криев од сите...Тој имаше син, Давид имаше 4 месеци. Како да им ја објаснам целата ситуација со неговата поранешна девојка на сите? Знаев дека се ќе успее на крајот... Знаете како оди кај нас. Мило ми е што се‘ се среди, што работите се искристализираа“, изјавила во една прилика манекенката Софија Мило.

Додека Лука градеше семејство со позната манекенка, Анѓела најде нова љубов.

Анѓела стапи во врска со фудбалерот Немања Бранковиќ, син на познатиот српски спортист Слободан Бранковиќ. Двајцата добија ќерка, додека со нив живее и синот на Анџела, Дејвид.

Јовиќ имаше два сина со Софија, а Анѓела откри како било кога Дејвид ги запознал браќата.

View this post on Instagram

A post shared by Andjela Brankovic (@andjela__manitasevic)

„Верувам дека Дејвид сè уште не е свесен за целата ситуација. Тој го видел својот брат неколку пати, тој е сè уште бебе, а Дејвид, како и сите деца на таа возраст, повеќе го интересираат возрасните отколку другите деца. Поконкретен одговор, треба да почекаме Дејвид да биде малку постар, па да ми каже како го поминал времето“, рече таа во едно интервју.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира: 

Софија Милошевиќ пред 10 години и сега: Промената е драстична, многумина не ја препознаа (ФОТО)