Предупредување на мајка од кое ќе ви се заледи крвта: Не дозволувајте децата да се лулаат ВАКА, последиците се ужасни-лекарите беа во шок

Во еден момент детето се лулаше со неговите другарчиња, следниот момент бевме во Ургентниот центар, а лекарите и медицинските сестри не можеа да поверуваат што се случило со детето!

Ребека Џордан од Флорида, мајка на две деца, на Фејсбук ги објави ужасните последици што ги претрпе нејзиниот син по замавнувањето на лулашката, а нејзиниот пост и фотографии ги пренесуваме во целост.

„Само сакам да ги предупредам родителите за можните страшни последици што можат да му се случат на детето ако го оставите да лула премногу долго со наведната глава назад.

Нашиот син сака да замавнува и е голем авантурист, веќе знаете какви се момчињата.

Тој вчера играше со своите другарчиња на игралиштето. Потоа се префрлија на лулашки. Седна и почна да командува, како и секое дете, да се лула побрзо и посилно. Овој пат, сепак, тој ја држеше главата скоро цело време назад.

Додека тој се лулаше се‘ побрзо со навалена глава наназад, центрифугалната сила го направи своето и целата крв отиде до врвот на неговата глава, поради што речиси веднаш доби модринка. Покрај тоа, крвните садови во очите и очните капаци му пукнаа од преголемиот притисок.

Децата го застанаа, а тој буквално падна од лулашката и беше во бесознание неколку минути. Децата притрчаа кај нас да ни кажат дека нашиот син не е добро и дека „го боли мозокот“. Во целосен шок, го однесовме во собата за итни случаи.

Имајте на ум дека тој всушност не удрил со глава во ниту еден момент, така што се‘ што се случило е последица на центрифугална сила (инаку, истите последици им се случуваат и на бебињата кога премногу ги тресете).

Лекарите и медицинските сестри беа целосно збунети, па дури и на почетокот мислеа дека сме ја исфарбале главата на детето со спреј, бидејќи никогаш порано не виделе такви модринки. Кога ја прегледаа главата, очите и внатрешното уво, го испратија на скенирање на главата. Фала му на Бога, немаше проблеми - немаше внатрешни повреди или оток на мозокот.

Меѓутоа, оттогаш внимателно ги следиме лулашките. Не велам да не дозволувате децата да се лулаат, далеку од тоа, само бидете внимателни ако детето сака интензивно да се лула“, предупредува таа.


Фото: Фејсбук

Извор:  blic.rs