„Прекрасно“: Северина денес го слави 50-тиот роденден, но ќе го помине на суд

Добивај вести на Viber

фото:instagram

Северина денеска го слави својот 50-ти роденден, но очигледно ќе го помине на суд.

Имено, пејачката на денот на жената објави дека добила уште една тужба од нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ, за која е закажано судење за 21 април, денес, на нејзиниот 50-ти роденден.

„Какви прекрасни честитки за Денот на жената... Ме викаат за мојот роденден, прекрасно. Некој би рекол дека правната држава функционира... презимето ми е погрешено... Имам над сто вакви тужби. Тоа мора да е љубов. Среќен ви Ден на жената“, напиша таа тогаш со фотографија од поканата за судот на која е запишана со презимето на нејзиниот поранешен сопруг Игор Којиќ.

Дарио Будимир, адвокатот на Северина, исто така е наведен како обвинет во документот, по членот 149, став 1, кривично дело кое се однесува на клевета.

Ова не е прв пат Северина да ги покажува тужбите кои ги добила од поранешниот партнер. „Моите утра почнуваат со тужби. Добив уште една тужба од човекот кој поднесе над 70 тужби“, напиша таа еднаш.

Со оглед на ситуацијата, Северина се нема огласено за нејзиниот роденден, но ова се некои од последните фотки кои пејачката ги објави на нејзиниот профил, а на кои гледаме дека и повеќе од јасно е дека пејачката воопшто не изгледа како да има 50 години.

извор:index.hr