Прележа коронавирус, а 330 дена подоцна има силни последици: Исповед на жена која секој ден се надева на подобро

Добивај вести на Viber

фото:Shutterstock

330 дена се бори против коронавирусот под слоганот „Утре ќе биде подобро“

Исповед на жена чија инфекција со коронавирус предизвика здравствени проблеми.

Пандемијата на вирусот нè принуди да го смениме нашиот животен стил. Носење маски, одржување на физичка дистанца и ограниченото дружење за многумина е тешко.

Здравствените работници, како и оние кои биле подложени на ковид-19, знаат колку може да биде сериозно и непредвидливо заболување предизвикано од инфекција со коронавирус. За жал, многумина ја изгубија битката и се повеќе луѓе ширум светот се жалат на долгорочните нарушувања што се појавија од ковид-19.

Кетрин Дениз се бори против овие пречки скоро една година, под слоганот - утре ќе биде подобро.

- Го добив овој вирус пред да умре било кој од него во Илиноис. Како да е пред еден век, нели? Сега зборуваме за вакцини, нови соеви, нови протоколи, а јас сум цело време во кревет. Секогаш во иста просторија. Болна сум последните 330 дена - ја започна својата приказна Кетрин за „Вашингтон пост“.

Таа вели дека нејзиниот живот не се разликува од затворскиот живот - таа се обидува да се помири со фактот дека вирусот корона не е нешто што лесно ќе го надмине, и се прашува дали ќе остане во таква состојба засекогаш или сè уште има надеж за неа дека ќе се опорави.

- Се будам секое утро и се подготвувам. Се прашувам, што ќе се случи денес? Јас сум она што лекарите го нарекуваат „долгорочен пациент“, каде што последиците од ковидот го надвладеваат телото. Последиците не исчезнуваат. Лекарите сметаат дека можеби сме десетици илјади, но никој навистина не знае колку сме. Тоа е медицинска мистерија. Тоа е како случаен збир на симптоми. Како гадење и сериозна вртоглавица. Или, повеќе сакате мигрена со болки во зглобовите? Некои проблеми се постојани, како што се болка во телото од глава до пети и замор - вели Кетрин.

Потсетува и на оние поретки симптоми како што се ѕвонење во ушите, болка во ребрата, вкочанетост на прстите, вртоглавица, магла во видното поле, губење на меморијата ...

- Пред некој ден се разбудив и сакав да носам облека за трчање. Имав идеја во главата да одам да џогирам, а потоа да одам на работа, но штом станав, пулсот почна да ми се забрзува и се сетив: О, да. Не можам сама да шетам ни околу блокот. Немам веќе работа. Јас сум хендикепирана. За што размислувам...

Луѓето во нејзиното опкружување, вели таа, понекогаш имаат впечаток дека е премногу драматична, па се повлече и од луѓето. Таа не може да објасни што ѝ се случува, но не можат ниту лекарите. Некои дури ѝ предложија терапија со антидепресиви.

Таа се сеќава дека дури и не размислувала за вирусот корона кога првпат се разболела во март минатата година:

- Ме болеа главата и грлото, но се обидов да игнорирам. Јас работам во финансии и тоа е културата на Вол Стрит, или сте на работа или умирате. Мојот сопруг се шегува дека имам менталитет на крволочен убиец. Не сакам да забавувам, постојано туркам напред. Сепак, тогаш добив треска и мојот сопруг започна да развива симптоми.

Отишла во брзата помош, но таму ѝ рекле дека немаат тестови и дека треба да смета на тоа дека има ковид-19 и да се однесува така. Само ѝ дале лекови против болки и ја испратиле дома. Нејзиниот сопруг и таа тогаш поминале 20 дена дома. Тој вели дека едвај успеале да ги нахранат милениците, и двајцата се чувствувале толку лошо.

- По неколку недели, мојот сопруг почна да се чувствува подобро. Повторно тргна на трчање. Ме покани да одам со него. Се обидов, но не успеав. Се обидов и да продолжам да работам од дома, но мојот фокус беше изгубен. Имав толку голем притисок во главата што се чинеше дека ми виси наопаку. Направив еден куп глупави грешки. Понекогаш, кога правев големи работи преку телефон, ќе заборавев што правам среде повик. Ги мешав деновите во неделата. Тогаш сфатив дека нешто сериозно не е во ред. Зошто не сум подобра? - прашува Кетрин.

Таа вели дека во последните месеци видела повеќе лекари отколку во 30 години од нејзиниот живот. Откако сфатила дека нема одговор за нејзината состојба, таа се обидела да се распраша на форумите каде што луѓето ги споделуваат своите искуства откако прелажале ковид-19. Така откри дека може да има нешто што се нарекува дисавтономија, каде мозокот престанува да му кажува на телото како да извршува нормални функции .

- Успеав да дојдам до интернист, но тој ме врати во амбулантата. Најдов ревматолог и тој ме упати кај друг ревматолог, кој ме испрати на специјалист надвор од земјата и наместо тоа, тој ме упати на кардиолог. Ги посетувам лекарите и барам каков било одговор, но главно се се сведува на шпекулации. Ми рекоа дека може да имам Лајмска болест, или нешто што се нарекува синдром ПОТС, или хроничен замор, или фибромијалгија, или анксиозност или депресија. По препорака на лекарот, земам два антидепресиви, витамин Д и ред други витамини.

Нејзиниот сопруг водел евиденција за терапија, бидејќи Кертин не била во можност да го направи тоа самостојно. Потоа ја однел на лекар за невроинфективни болести, кој во неформален разговор изјавил дека околу 10 проценти од луѓето кои се разболеле од ковид-19 може да имаат долготрајни невролошки ефекти.

- Водам битка да го задржам разумот. Си велам дека треба да работам повеќе. Јас се терам да станам од кревет, но кога ќе влезам под туш и топла вода ќе ми ги претвори рацете во виолетови, пулсот ми скока. Чувствувам вртоглавица и морам да седнам. Повторно сум поразена - вели очајната Кетрин.

Нејзиниот сопруг ја потсетува од работа кога треба да пие некој лек. Тој ја проверува секој час, додека таа се чувствува како беспомошно дете кое зависи од родителската грижа. Во меѓувреме, таа се занимава со лесни работи кои не го оптоваруваат мозокот, а по препорака на лекар.

- Седам во кревет и сечам слики од весници, па ги украсувам sидовите со нив, многу убаво - вели иронично.
- Чувствувам вина, гнев и омраза кон себе. Имам терапија еднаш неделно и ми помага. Многу зборувам за прифаќање. Се обидувам да прифатам дека нема да се разбудам чувствувајќи се подобро. Се обидувам да се ослободам од моите очекувања, но има огромна тага во тоа. Чувството е еднакво на предавање.

извор:telegraf.rs 

Антитела против корона: Која вакцина најбрзо ги создава и кога треба да се тестирате