Преслатко видео: Ева Лонгорија го учи синчето да готви

Добивај вести на Viber

Преслатко. Ева Лонгорија oбјави видео како наутро се забавува со своето синче, Сантијаго.
Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ го сподели најслаткото видео додека го подучуваше своето 23-месечно дете како да готви во кујната.

„Малиот готвач на мама“, напиша 45-годишната убавица додавајќи, „Научете го рано како да прави пржени јајца!“

View this post on Instagram

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) on


Претходно во мај, актерката сподели видео од неа и Санти како прават домашен шербет од лимон. 


Со оглед дека Санти е единствено дете на Ева, таа секојдневно продолжува да учи и доживува нови работи за мајчинството. Во ноември 2019 година, Лонгорија откри дека се бори умствено откако го пречека своето сакано дете во јуни 2018 година.

„Едно нешто што не очекував кога се роди Санти беше анксиозноста и вознемиреноста што ги имав кон светот. Сè влијаеше на мене: вестите, натписите и климатските промени ... и сè ме плашеше “, изјави Ева за медиумите. Сега веќе вели дека е подобро и нејзината вознемиреност е минато.


извор: closerweekly