Преслатко видео: Принцезата Шарлот и принцовите Луис и Џорџ за прв пат зборуваат во јавноста

Добивај вести на Viber

Палатата Кенсингтон објави преслатко и поучно видео во кое славниот Дејвид Атенбро одговараше на прашањата на принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луис.

Најголемите симпатии ги освои малиот Луис, чиј глас, за прв пат го слушна јавноста!

Најстариот, Џорџ (7) облечен во црвена поло маица, со рацете зад грб, прв го постави прашањето:

„Кое животно мислиш дека ќе стане истребен вид, следно?“, праша загрижено.

Познатиот биолог убаво му објасни дека тоа не мора да се случи и дека повеќе животни нема да изумираат ако луѓето се обидат да го спречат тоа...

Следната беше принцезата Шарлот која праша:

„Драг Атенбро, сакам пајаци, дали ти сакаш?“

По деталниот одговор од Сер Атенбро на прашањето на петгодишната принцеза, за прв пат се појави и прозборува најмладиот принц Луис, кој има само две години.

„Кое животно ти се допаѓа?“, праша малиот Луис.

ВИДЕО: