Претесен фустан и бомбастичен детаљ доведоа до модна утка: Малку фалеше сѐ да изгледа поинаку, но киксот на Коко е очигледен

Добивај вести на Viber

Пејачката Коко Џејмс прво се претстави во одличен летен фустан во Кан, а потоа на премиерата на филмот „Каибуцу“ приреди моден кикс. Проблем беше деколтето, односно фустанот беше претесен. Да не беше тој детаљ, нејзиниот стајлинг ќе изгледаше сосема поинаку. Но, кој вели дека деталите не играат клучна улога?


Коко Џејмс носеше светкав фустан со пердуви и ракавици кои го следат дизајнот на фустанот. Фустанот е проблематичен и доста кичест, а да биде уште полошо, деколтето е многу несмасно истакнато.


Фустанот беше неколку броја помал и јасно се гледаше тоа. Ревијата на Коко Џејмс е едно од модните промашувања и меѓу првите од Канскиот фестивал.


Ако фустанот беше поширок, односно деколтето поинаку истакнато, модниот рејтинг ќе беше подобар, иако самиот стајлинг не е за пофалба.


Без разлика на модниот резултат, можеби ви се допаѓа фустанот на Коко Џејмс?


ФОТО: Инстаграм