Преубавата поранешна сопруга на Дадо Полумента ги разбива предрасудите за исламот: Откри зошто носи хиџаб и дали муслиманките се потчинети

Селма Мекиќ ни покажува потполно поинаков поглед на исламот...

Преубавата Селма Мекиќ е многу талетнирана уметница, која има завршено на Факултетот за исламски науки во Белград. Таа е дипломиран педагог, и дефинитивно е една од најистакнатите жени од Нови Пазар. Освен што е многу образована, поседува и многу таленти и истакнува дека со гордост носи хиџаб.

Исто така, Селма е успешна дизајнерка на елегантна, раскошна облека, како и калиграф кој вешто ја оживува таа древна арапска уметност.

View this post on Instagram

A post shared by Selma Mekic (@selmamekicc)

Калиграфијата е голема љубов на Селма. Имала изложби во Србија, Црна Гора, Босна, Германија, Техеран, Дубаи и Либан. Калиграфското дело на кое Селма е особено горда се најде на корицата на хадиската збирка на Тирмиди (Капитално дело во исламот во седум тома).

Од друга страна, ова е жена која отворено, без влакна на јазикот зборува за правата на муслиманките. А, особено истакнува зошто е погрешно мислењето дека жените се потчинети во исламот.

Нејзиниот однос кон верата, како што вели, ја исполнува со љубов и ѝ дава насока. Таа го живее животот во потполност и вели дека би било добро некој да ги разбие предрасудите за муслиманките и носењето хиџаб преку нејзиниот имиџ и работа.

View this post on Instagram

A post shared by Selma Mekic (@selmamekicc)

Во едно интервју, таа се осврна и на, според неа, најлошото искуство кога станува збор за носењето хиџаб. Имено, таа истакнува дека воопшто не се чувствувала удобно кога морала да го симне за да се фотографира за лична карта.

„Фала му на Бог, Законот се промени и сега сум покриена во сите лични документи. Сите други негативни искуства за мене се ситни и не се вредни да се споменат.“

View this post on Instagram

A post shared by Selma Mekic (@selmamekicc)

Оваа влијателна жена од Нови Пазар посебно истакна дека жените во исламот и воопшто во изворниот Шеријат се целосно заштитени.

„Муслиманките немаат проблем во исламот, тие имаат проблем со муслиманите и немуслиманите кои не ги почитуваат правата на муслиманките кои исламот им ги гарантира. Куранот има 600 страници и 114 поглавја. Некои поглавја се дури именувани по жени или воопшто за жени. Така може да се зборува со денови за правата на жените спомнати во Куранот.

Некои од правата се правата на наследство, брак, развод, школување, да го задржат своето презиме, повторно да се омажат, и така натаму. Сите оние кои навистина сакаат за тоа да знаат повеќе, нека прочитаат превод на Куранот и тафсирот (капитален труд за интерпретацијата на секое поглавје и цитат од Куранот)“ - раскажа Селма.

Таа разби уште една предрасуда за муслиманските обичаи.

„Што се однесува до положбата на жените муслиманки, кога е во прашање разводот не се разликува во ништо од онаа на останатите жени од Балканот. Некогаш разводот беше табу тема, но сега веќе не е, бидејќи жените сѐ помалку трпат физичко и психичко насилство само за да останат во брак“.

Верата и науката се начела по кои Селма живее, заедносо домашното воспитување кое го добила од родителите, со гордост истакнува преубавата дама.

На пошироката јавност, Селма ѝ стана позната додека беше во врска со пејачот Дадо Полумента. Двојката љубовта ја круниса со брак на 12 декември 2012 година во Нови Пазар, а на свадбената веселба присуствуваше и неговиот син Доријан, кој го доби од вонбрачната заедница со Ана Марија Кикош.

Меѓутоа, по само пет и пол месеци, двојката ја раскина брачната заедница, која ја склопи по исламски обичаи, а причината е враќањето на пејачот кон ноќните забави, што се коси со размислувањата на неговата сопруга, но и нивната вера. Скандалот настана кога Селма видела фотографии од вечерното забавување на пејачот.

Бидејќи кога се забавувал со Селма бакнувањето, допирите, сексот и излегувањето биле исклучени, Дадо порано изјави дека ништо од наведеното не му недостасувало.

фото: Принтскрин / Инстаграм