Преубавата шведска манекенка пиела литар вотка за 10 минути, си присвоила хрватско островче и го населила со кокошки-сега заврши во затвор, еве зошто

Шведската манекенка Изабела Виола Линдблом вчера беше ослободена од сплитскиот затвор каде помина девет дена откако беше приведена во трговски центар поради нарушување на јавниот ред и мир.

Инаку, оваа 31-годишна жена во таа прилика била во алкохолизирана состојба - и биле измерени 1,26 промили, пренесува „Шибенски.хр“. По инцидентот била пренесена во психијатриска болница, каде не била задржана, а била изведена пред Општинскиот прекршочен суд во Сплит.

Линдблом е осудена на (веќе одлежена) затворска казна од девет дена, а судијата ја задолжил да ги плати трошоците на постапката во износ од 300 куни . Инаку, ова не и е прв инцидент на оваа убавица, таа минатата година мавташе и се закануваше со пластичен пиштол во хотел во Сплит.

Да потсетиме, Изабела е поранешна шведска топ моделка, а на јавноста во Хрватска и регионот и стана позната откако беше откриено дека практично го окупирала ненаселениот остров Јаз кај Рогозница. Оттаму ги бркала капачите и посетителите, па дури донела и кокошки кои живееле со неа на островот.

Швеѓанката нема куќа на островот, наводно спиела во мрежа распната меѓу дрвјата, а се зборувало дека таа нарачала и шатор. Исто така, таа ги користела и плаќала услугите на оние кои со брод превезуваат разни работи до островот.

Мештаните сметаат дека има психички проблеми, други додаваат дека дрогата и го испила мозокот, а една жена од Рогозница, која дала изјава за медиумите, сведочи дека манекенката за десет минути разговор испила речиси литар вотка.

За случајот биле информирани и Капетанијата на пристаништата и комуналната полиција на општина Рогозница, а интервенирала и полицијата, пишува порталот Шибеник. На манекенката наводно и бил даден рок до кога мора да го напушти островот, а како ќе заврши оваа приказна останува да видиме.


foto: screenshot Instagram/sibenskiportal