Преубаво, но не е во негов стил! Рајан Рејнолдс ја прекрши традицијата и на специјален начин и го честиташе роденденот на својата сопруга

Добивај вести на Viber

Последниве години актерот Рајан Рејнолдс на хумористичен начин го обележуваше роденденот на својата сопруга, актерката Блејк Лајвли.

Актерот Рајан Рејнолдс ја прекина традицијата и сподели емотивна порака до сопругата Блејк Лајвли, во чест на нејзиниот роденден.

Овој холивудски пар е познат по својата навика да се шегува на социјалните мрежи, особено во посебни прилики.

Да потсетиме дека на роденденот на актерката во 2017 година, Раџан на хумористичен начин и го честиташе роденденот на својата сопруга.

Имено, тој објави фотографија од која речиси целосно ја исекол роденденската девојка, оставајќи го нејзиното лице да го зазема најголемиот дел од кадарот.

View this post on Instagram

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds)


Две години подоцна, актерот сподели 10 фотографии за да го одбележи нејзиниот 32-ри роденден.

Сепак, на речиси сите фотографии Блејк беше невнимателна, замижена, правејќи смешни фаци додека нејзиниот сопруг самоуверено позира пред камерата.

Како и да е, оваа година Рејнолдс објави љубовно писмо до мајката на неговите четири деца.

View this post on Instagram

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds)


- Единственото нешто што е неотповикливо мое на светот е љубовта, почитта и стравопочитта што ги чувствувам кон оваа личност. Сведочењето на нејзиниот живот е нешто што не би можел да го земам здраво за готово и да сакам. И верувајте ми, се трудам. Среќен роденден Блејк Лајвли – напиша актерот со неколку заеднички фотографии.

Да потсетиме, актерите се запознаа на снимањето на филмот „Green Lantern“ во 2010 година, а својата романса ја започнаа една година подоцна, кога и двајцата беа сингл.

Само една година им требаше да сфатат дека се создадени еден за друг, па тајно се венчаа во Јужна Каролина.

Повеќето детали од нивната венчавка се чуваат во тајност, освен што за локација ја избраа Бун Хол во Маунт Плезант.


Фото: Инстаграм /Youtube - screenshoot

Ја одржуваат страста со хумор: Како Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се сакаат повеќе од 10 години