Превенција на ХПВ инфекциите преку засилување на имунитетот

Добивај вести на Viber

Имунитетот е клучен за превенција од ХПВ вирусот 

Човечкиот папиломен вирус (HPV — Human Papillomavirus) е папиломен вирус кој ја инфицира кожата и мукозните мембрани кај луѓето. ХПВ е толку чест што речиси 80% од сексуално активните мажи и жени, го добиваат во некој период од нивните животи. Има околу 130 различни типови на ХПВ. Некои од нив можат дури и да предизвикаат сериозни здравствени проблеми и рак. Многу е поопасен за жени отколку за мажи.

Може да се добие преку сексуален однос од некој кој го има вирусот. ХПВ може да се добие иако партнерот не покажува никакви знаци и симптоми на ХПВ вирусот. ХПВ вирусот може да предизвика сериозни здравствени проблеми како цервикален канцер, канцер на вагината или анален канцер. Исто така, може да предизвика и канцер на грлото, вклучувајќи ја базата на јазикот и тонзилите така наречен орофарингеален канцер.

Како да се спречи ХПВ и сериозните здравствени проблеми предизвикани од него?

⦁ Со вакцинирање. ХПВ вакцините се безбедни и ефикасни;

⦁ Употреба на презервативи секогаш кога се има сексуален однос  – ги намалуваат шансите за да се добие ХПВ вирусот;

⦁ Лимитиран сексуален однос – Сексуален однос со стандарден партнер кој знаете дека нема ХПВ вирусот;

⦁ Зголемување на имунитетот.

За последната точка - зголемување на имунитетот се препорачуваат неколку начини и тоа:

⦁ Променет режим на исхрана – Ако вашиот режим на исхрана се состои од брза храна и газирани пијалоци, тогаш вашиот имунитет страда. Потребно е да земате повеќе зеленчук, овошје, месо, риба и сл.

⦁ Контролирајте го стресот – Стресот ги намалува во телото т.н. natural killers клетки, кои понатаму не можат да ве бранат од различни болести.

⦁ Земање на суплементи кои го зголемуваат имунитетот. Тие можат да бидат: фолна киселина, коензим Q10, витамин Ц, цинк и некои пробиотици.

Пробиотиците кои се препорачуваат за зголемување на имунитетот се Bacillus subtilis, Lactobacillus rhamnosus и Lactobacillus casei. Вирусните инфекции се покажаа дека главно го напаѓаат имуниот систем, ги убиваат natural killer клетките, макрофагите и неутрофилите. Внесувањето на пробиотиците се покажа како ефикасен начин за намалување на времетраењето на вирусните инфекции. Наведените пробиотици се ефикасни во намалувањето на инциденцата на респираторни, дигестивни и гинеколошки инфекции предизвикани од вируси, и намалување на нивното времетраење.

Доколку се земаат превентивно, начинот на кој делува е преку зголемување на имунитетот, му дава можност на самото тело да има појак имун одговор во самиот почеток на вирусната инфекција во телото.

Доколку се зема откако веќе е настапена вирусната инфекција, тогаш помагаат преку зголемување на имунитетот да се намали времетраењето на вирусната инфекција, и на тој начин да се спречи понатамошна прогресија на вирусот во телото. Друг ефект кој се постигнува е создавањето на анти-патогени состојки, компетитивност со патогените микроорганизми, зачувување на мукозалниот интегритет и стимулација на имун одговор. Како и системско создавање на макрофаги и natural killer клетки.

Д-р Захарија Парталоска Шипинкаровска, специјалист гинеколог

* ПР - објава

фото: freepik.com