Принцезата Шарлин направи драстична промена со бојата на косата, и сите се чудат на овој потег: Повеќе не е русокоса! (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Принцезата Шарлин присуствуваше на познатата трка за Големата награда на Монако заедно со остатокот од тамошното кралско семејство. Во таа прилика таа покажа нова фризура, односно нова боја на коса, со што ја изненади публиката со промената. Шарлин со години ја носи платинестата боја на коса како заштитен знак, а дури во последните месеци почна да флертува со други нијанси.

Така, во претходниот период имавме можност да ја видиме како бринета, но со доминантни сини прамени, додека сега направи подрастичен потег и целата коса ја обои во богата кафена боја.


Нам ни се чини дека русата коса повеќе и прилега на нејзината нежна убавина, блед тен и елегантни црти, но секако е интересно и освежувачко да се види новиот имиџ на славната 45-годишна принцеза.

Таа во оваа прилика донесе многу интересна креација - долг морнарски фустан со дебели прерамки испрекинати со пруги во боите на виножитото.


Шарлин го комплетираше изданието со минимални детали - единствените додатоци кои ги носеше беа малите дијамантски обетки, без кои ретко ја гледаме. 


Иако самиот фустан е привлечен, ни се чини дека е лош избор за принцезата од Монако - самиот крој ги истакнува нејзините широки раменици.


Што мислите за ова издание?


ФОТО: Инстаграм принтскрин