Принцот Хари наполни 40 години: Кралското семејство му го честиташе роденденот на социјалните мрежи, а вака брат му Вилијам

Добивај вести на Viber

Иако е далеку од кралското семејство Принцот Хари доби честитка за 40-тиот роденден, дури и од неговиот брат

Британското кралско семејство вчера (15.09) му го честиташе 40-тиот роденден на принцот Хари, првпат од 2021 година.

Роденденската честитка беше испратена од официјалниот профил на Бакингемската палата на социјалните мрежи, иако не беше потпишан од кралот Чарлс.

Истата порака беше објавена неколку часа подоцна на официјалната сметка на принцот Вилијам и принцезата Кејт, пренесува BFM, шпекулирајќи дека тоа би можело да биде навестување за „затоплување“ на односите меѓу принцот Хари и кралското семејство.

Во последните три години нема роденденски честитки за принцот Хари на ниту една сметка на членовите на кралското семејство, забележува француската телевизија.

Принцот Хари го слави својот 40-ти роденден со децата и сопругата Меган во Калифорнија, далеку од Велика Британија и кралското семејство.

Во 2020 година, Хари и Меган се откажаа од своите кралски должности и се преселија во Калифорнија.


Фото: Youtube - screenshoot/„Х“