Принцот Мустафа од серијата „Величествениот“ освои многу женски срца: Денес има 47 години и едвај го препознаваме
Мехмет Гунсур, кој го игра принцот Мустафа во серијата „Величествениот“,
ги освои срцата на многу жени.
Роден е во Истанбул на 8 мај 1975 година, а пред да започне со актерство работел како шанкер и модел. Многу брзо го привлече вниманието кон себе, како со својот изглед, така и со своите актерски способности.
Има добиено бројни актерски награди, меѓу кои и наградата за најперспективен актер во 1998 година на Интернационалниот филмски фестивал во Анкара за неговата улога во филмот „Хамам“ и во 2003 година специјална награда од жирито на престижниот турски фестивал во Анталија за неговата улога во филмот „За Симда Аскер“.
Денеска е во среќен брак со италијанската режисерка Катерина Монџо, со која ги има синот Али и ќерката Маја.
Фото насловна: Instagram, mehmetgunsur_new / screenshot
Фото: Инстаграм