Принцот Вилијам на Кејт ѝ купил подарок каков што не можете да замислите: Засекогаш ќе ја памeти нејзината реакција

Добивај вести на Viber

Кога замислувате љубов со принц и иден крал, веројатно мислите дека нивните избраници добиваат дијаманти за роденден, но не и кога е принцот Вилијам во прашање.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцот и принцезата од Велс, неодамна прославија 12 години брак и се заедно уште од факултетските денови.

Кралската двојка се запознала на Универзитетот Сент Ендрјус, каде прво се дружеле, а потоа се заљубиле и ја започнале својата долга и прекрасна љубовна приказна. Досега имаат три деца - принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, а важат за еден од најхармоничните парови во британското кралско семејство.


Иако се изложени на очите на јавноста, не откриваат многу за нивната врска и секојдневие, но принцот Вилијам еднаш направи исклучок и призна дека на почетокот на врската не се покажал како премногу имагинативен и романтичен тип.

Имено, кога Кејт и тој првпат се вљубиле, се наближувал нејзиниот роденден и принцот добил многу чудна идеја што може да ѝ подари...

Кога гостуваше во подкастот на поранешниот фудбалер Питер Крауч во 2020 година, принцот Вилијам призна дека не е одличен во изборот на подароци за своите најблиски.

Поранешниот спортист рече дека случајно ѝ го купувал истиот подарок на својата сопруга Аби Кленси три години по ред, а на прашањето дали Вилијам би можел да го надмине во категоријата најлоши подароци, војводата од Кембриџ рече:

- Веројатно можам. Еднаш купив двоглед за жена ми.

Тој откри дека тоа се случило рано во врската и се пошегува дека тоа му помогнало да ја заведе. На прашањето што мисли Кејт Мидлтон за подарокот и како таа реагирала, Вилијам сподели:

- Ме гледаше и беше како во стилот „Тоа е двоглед е... Што се случува?“... Не помина добро. Немам поим зошто и купив двоглед - бил искрен принцот.

Како што пишуваат британските медиуми, Кејт не дозволува нејзиниот сопруг да го заборави тој непријатен момент во нивната врска кога застанал пред неа со двоглед во рацете, но во подоцнежните години „се извлече“ подарувајќи и скапоцен накит.


ФОТО: Инстаграм